четврток, 2 јули 2026

Украина првпат одобри извоз на оружје од почетокот на војната

Украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров изјави дека владата на земјата, за првпат од почетокот на војната со Русија, го одобрила „првиот транспарентен механизам“ што ќе овозможи извоз на оружје.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„За првпат е воспоставена јасна постапка што поставува единствени правила за државата, производителите и партнерите“ за извоз на оружје, рече Федоров во објава на Телеграм, пренесува Киев Индепендент.

Иако од рускиот напад во 2022 година се појавија голем број иновативни компании од областа на воената технологија, украинската влада досега им го ограничуваше извозот во странство, но украинските компании од областа на одбраната во меѓувреме почнаа да произведуваат повеќе отколку што ѝ е потребно на државата, што доведе до тоа компаниите да ја повикаат владата да им овозможи извоз за да им се овозможи на фирмите да преживеат финансиски, а воедно и да се прошират.

Федоров рече дека механизмот ќе „обезбеди украинските производители да имаат јасни правила за работа со меѓународните партнери, да можат да го зголемат производството, да привлечат инвестиции и во исто време да гарантираат приоритетно задоволување на потребите на украинските одбранбени сили“.

Извозот на оружје и технологија од Украина ќе биде ограничен на 27 земји кои го потпишале Договорот за дронови, на иницијатива на украинската влада, меѓу кои 15 се земји-членки на НАТО.

„Се надевам дека ова ќе ја претвори Украина во глобален играч и ќе ни овозможи да го отвориме извозот, да ги споделиме нашите технологии и да помогнеме во зајакнувањето на демократиите на нашите партнери кои нè поддржуваат денес“, рече Федоров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ