По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.
Три лица се тешко повредени откако возило удрило во електричен столб
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, кога патнички автомобил „опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М. (70) од струшкото село Подгорци, излетал и удрил во метален електричен столб. Тој и две малолетни лица на возраст од 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Објавено на
часот





