Избраниците на Игор Илиевски одиграа квалитетен натпревар и заслужено стигнаа до нов триумф, кој е четврти во низа во рамките на подготвителниот период.
Пред дуелот со Грција, македонските младинци двапати беа подобри од Саудиска Арабија, победувајќи со 35-26 и 22-21.
На претстојното Европско првенство за ракометари до 20 години, Македонија ќе игра во групата Д заедно со Норвешка, Хрватска и Данска, а пред почетокот на шампионатот ќе одигра уште една контролна средба против Италија.






