четврток, 2 јули 2026

Тошковски: Во последните две години вкупниот криминал во државата е на најниско ниво

Во последните две години вкупниот криминал во државата е на најниско ниво во последните дваесет години и имаме највисоко ниво на откривање во последните дваесет години од аспект на расветлување конкретни сторители на кривични дела – рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање за вкупниот број случаи на врсничко насилство.

Објавено на

часот

Сподели

„Сега прашањето е дали криминалитетот од аспект на светла и темна бројка како вкупен криминалитет во делот на семејното насилстство е еднаков или е зголемен. Ако јас се прашувам, сметам дека светлата и темната бројка како вкупен резултат и во 2022, и во 2023, и во 2025 година е ист, односно не дека тогаш немало насилство, не дека немало потреба да се дејствува институционално, но жртвите помалку им верувале на институциите и помалку верувале дека навистина може да се најде чаре за да се реши нивниот проблем. Е, сега, жртвите се охрабрени. Само оваа година имаме околу 47-48 итни постапки, при што е изречена најстрога мерка во согласност со законот, а тоа е мерка притвор на сторител на кривично дело семејно насилство, така што компарирано со претходно е зголемена активноста и на МВР и на ЈО, а и на судот во делот на заштита на жртвите од семејно насилство“, потенцира Тошковски.

Посочи дека е клучно да се напомене оти ќе се оди со законски измени во делот на овозможување овластување на полицијата да изрече итна мерка на самото место доколку утврди каква било закана за жртвата, особено кога се говори за жена жртва и за дете што било жртва на семејно насилство.

„Со тоа ќе дадеме една алатка на полицијата во согласност со Истанбулската конвенција, која е многу силна и многу моќна и ќе треба тука да се спроведат одредени обуки бидејќи не можеме таква алатка да користиме, а притоа соодветно да не ги обучиме полициските службеници. Навистина и овде имаме една револуционерна измена, едно револуционерно овластување, кое ќе им се даде на полициските службеници, кое мора да биде потврдено, потоа од ЈО и од судот, но итноста на случајот ќе може да му даде овластување на полицаецот да реагира и од домот без оглед на тоа чиј е – дали е на жртвата или на сторителот за да го отстрани од домот тој што претставува потенцијална закана3, рече министерот Тошковски во СВР Струмица на денешното отворање простории уредени за разговор со деца што се во судир со законот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ