„По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и дезинфицирани, а апаратите беа проверени од овластени лица. При проверките не беше утврден никаков дефект. По завршените проверки, радиотерапевтските третмани продолжија кај сите пациенти. Безбедноста на пациентите и персоналот не беше доведена во прашање, а работата на Одделот се одвива согласно предвидените процедури. Во просторијата за пациенти кои примаат терапија со радиоактивен јод беше забележано протекување на вода, по што пациентите беа превентивно и безбедно преместени во друга соодветна просторија на Клиниката“, соопшти Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Во соопштението се посочува дека в координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност беа извршени потребните проверки и мерења, кои потврдија дека нема радиоактивна контаминација.
„Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола“, потенцираат од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.






