четврток, 2 јули 2026

Војна во Украина: Повеќе од два милиона војници убиени, ранети и исчезнати од двете страни

Војната во Украина доведе до два милиона руски и украински воени жртви, вклучувајќи ранети, убиени и исчезнати, соопшти Центарот за стратешки и меѓународни студии со седиште во Вашингтон.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Москва претрпе најтешки воени загуби, меѓу 400.000 и 450.000 смртни случаи од проценети вкупно 1,4 милиони жртви (повредени и исчезнати) меѓу своите сили од почетокот на инвазијата на Украина пред повеќе од четири години, соопшти центарот.

Истражувачкиот центар проценува дека украинската армија изгубила 125.000 војници, а дека меѓу 525.000 и 625.000 биле ранети или исчезнати.

Бројот на руските жртви во Украина е повеќе од четири пати поголем од вкупниот број американски жртви во сите конфликти од Втората светска војна и повеќе од девет пати поголем од вкупниот број руски жртви во сите конфликти по Втората светска војна, додаде центарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ