На платформата ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релевантни материјали. Дополнително, за да се овозможи подетален увид во работењето на компанијата, на порталот ќе бидат објавени дневни податоци од независниот систем за мониторинг.
„Компанијата има 24-часовен мониторинг, 365 дена во годината, а досега редовно ги објавуваше неделните извештаи и ги испраќаше до медиумите еднаш неделно. Покрај тоа, на новиот портал за животна средина ќе можат да се најдат информации за активностите на компанијата во различни области од животната средина, како континуирани инвестиции и примена на иновации во процесот на работа, мерки за поголема декарбонизација, управување со отпад, регулатива и информации поврзани со алтернативните горива. Оваа платформа е дополнителен канал за отворена и транспарентна комуникација со јавноста. На новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје ќе има можност и за директно поставување прашања или барање дополнителни информации од различни области поврзани со работењето на компанијата“, велат од ТИТАН Усје.
Ќе бидат објавени и студиите што компанијата ги спровела во различни области, како и други материјали и корисни линкови од областа на животната средина. Порталот за животна средина постојано ќе се надградува со нови информации, а на него ќе биде поставена и новата А-интегрирана дозвола. Како одговорен член на заедницата, ТИТАН Усје останува посветена на креирање одржлив развој во интерес на сите засегнати страни.






