четврток, 2 јули 2026

Шпанија на убедлив начин ја мина Австрија и оди во осминафинале (ВИДЕО)

Шпанија без поголема мака дојде до победа над Австрија и пласман во осминафиналето на Светското првенство, Шпанците вечерва славеа убедливо со 3-0.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот половина час мина во доминација на Шпанија, но таа беше јалова, без создадени чисти шанси, Австрија одлично се бранеше.

Сепак, одбраната пукна во 26. минута кога по асистенција од Кукуреља, Ојарзабал постигна гол за водство од 1-0. Тоа беше резултат од првото полувреме.

На вториот гол се чекаше уште половина час, во 66. минута Поро даде гол за дуплирање на предноста, 2-0 за Шпанија.

Истиот тандем кој го отвори резултатот, го постигна и последниот гол. Во 89. минута по асистенција од Кукуреља, Ојарзабал даде гол за конечни 3-0.

Шпанија во осминафиналето ќе игра со подобрата селекција од дуелот меѓу Португалија и Хрватска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ