Ивановски првиот сет го доби со 6-4, во вториот беше подобар со 6-3. Мечот траше 108 минути.
Утре во четвртфиналето противник на Ивановски ќе му биде Александер Вајс од Италија (носител број 6), кој денеска имаше два меча прво го совлада Амар Хусеиновиќ (Македонија) со 2-0 во сетови, а потоа беше поуспешен од Каспер Симковјак (Полска) со 2-0 во сетови.
Мечот на македонскиот тенисер Обрад Марковски против Владислав Орлов од Украина (носител број 4) е прекинат поради темница во вториот сет при резултат 6-3 во првиот сет и 2-2 во вториот сет. Продолжението на мечот ќе биде утре.
Во конкуренција на двојки Кристијан Јанев и Стефан Мицов го загубија продолжението на мечот со Радослав и Васил Шандаров со 2-0 во сетови (64 64). Македонската комбинација Ѓорѓи Јанкуловски и Дарко Колевски загубија од Никола Керемидџиев и Давид Симеонов од Бугарија со 2-0 во сетови (62 61).
Во второто коло во двојки ќе настапи Амар Хусеиновиќ, кој игра заедно со Роман Постолка од Чешка, нивните ривали Владислав Орлов и Каспер Симковјак го предадоа мечот.






