Петти меч, петта победа за Македонија во претквалификациите, овојпат во салата „Лазар Лечиќ“ ја совладавме Ирска.
Македонските кошаркари одиграа убав натпревар, покажаа желба, пожртвуваност за националниот дрес и дојдоа до лесна победа.
Неизвесно беше само во првата четвртина додека резултатот беше 16-16, потоа Македонија направи серија од 7-0 и со сигурна предност од 23-16 ги заврши првите десет минути.
Потоа мечот одеше во еден правец, Македонија го контролираше резултатот, ја зголемуваше разликата и на крајот дојде до сигурна победа од 77-56.
Најдобар на теренот и на овој меч беше Андреј Јакимовски со 19 поени и 13 скокови, Виктор Ефремовски постигна 12 поени, а двоцифрен беше и Војдан Стојановски со десет.
Македонија во недела на 5 јули ќе го одигра последниот меч од претквалификациите, гостуваме кај селекцијата на Луксембург, но без разлика на исходот од тој меч, ние ќе останеме први во групата.
Вториот дел од претквалификациите за ЕП 2029 почнуваат веќе в август, а месецов ќе се одржи и ждрепката за четирите групи во кои ќе има по три селекции.






