До крајот на оваа фаза имаме уште еден натпревар, во недела гостуваме кај Луксембург. Тој резултат не е важен, првото место е заверено, но Македонија сака уште една победа.
„Мислам дека одигравме добар натпревар. Не беше лесно да се победи, но ние се адаптиравме на играта на противникот. Бевме добри во одбраната, најдовме решенија и во нападот, па успеавме да ја оствариме целта и да се квалификуваме за следниот круг“, вели селекторот на Македонија, Жозеп Марија Берокал.
„Немаме многу време за одмор, сега ни следи Луксембург, кој ќе ни биде увертира за следната рунда. Среќен сум од остварената цел. Во овој „прозорец“ видов повеќе кошаркари и сум задоволен. Видов повеќе домашни играчи, шанса добија нови имиња како Марко Луканоски, Петар Бошалески и Павел Иванов, а ги увидов и квалитетите на Нејт Сестина и на Стјуард Јуниор. Еден ден ќе уживаме за победата, а потоа ни следи пат кон Луксембург. Ќе се подготвуваме за тој натпревар, секако дека желбата е уште еднаш да се победи“, изјави Берокал.






