Првиот дел помина во знакот на Португалците кои ја контролираа играта и создадоа неколку сериозни прилики, додека Хрватите беа целосно безопасни во фазата на напад. Сепак, по првите 45 минути немаше голови.
Но, затоа второто полувреме понуди тотален фудбал. Хрватска излезе како преродена од соблекувалната и веќе во 53. минута Перишиќ погоди за водство од 1-0.
По примениот гол, играта максимално се отвори. Хрватите постигнаа уште еден погодок кој беше поништен поради офсајд, а брзо потоа, поради истата причина, судиите не го признаа и голот на Кристијано Роналдо.
Португалија успеа да израмни во 68. минута. По прегледување на ВАР снимката, судијата покажа на белата точка, а Роналдо беше немилосрден за 1-1.
Вистинско лудило настана во финишот. Во 81. минута Сучиќ ја затресе мрежата на Португалија, но голот одново беше поништен поради офсајд. Веднаш во следните напади, Леао ја погоди пречката на едната, а Ковачиќ ја затресе стативата на спротивната страна.
Човек на одлука беше новото засилување на Милан, Рамош. Во 94. минута, по нафрлувањето од Леао, тој со одличен удар со глава ја смести топката во мрежата за водство од 2-1 и комплетен пресврт.
Хрватска имаше уште една шанса за спас во буквално последната секунда кога постигна гол, но и тој беше поништен поради офсајд, по што судијата означи крај.
Португалија во осминафиналето оди на мегдан со силната Шпанија.






