Хрватите во 102. минута се израдуваа на израмнување преку Јошко Гвардиол, но по долга ВАР-проверка погодокот беше поништен. Технологијата покажа дека Марио Пашалиќ бил во офсајд во текот на акцијата.
Клучен момент беше минималниот контакт на Игор Матановиќ со топката, кој беше регистриран со сензорот вграден во топката. Потоа таа заврши кај Ренато Веига, но беше оценето дека станува збор за дефлекција, а не за намерно играње со топката, па офсајд позицијата остана активна и голот беше поништен.
Со оваа победа Португалија обезбеди место меѓу најдобрите 16 селекции на Мундијалот, каде во осминафиналето ја очекува големо европско дерби против Шпанија.






