По убедливиот триумф над Ирска, Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена.
„Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус. Сакаме да победиме и на следниот меч со Луксембург затоа што сакаме перфектен циклус. Не припаѓаме во овие претквалификации, нам ни е местото на повисоко ниво, но чекор по чекор, мислам дека ќе дојдеме до нашата цел“, изјави Јакимовски.
Последниот предизвик за македонската репрезентација во овој квалификациски циклус е гостувањето кај Луксембург, каде избраниците на селекторот ќе имаат можност со нова победа да го заокружат настапот со максимален ефект и дополнително да ја потврдат својата доминација во групата.






