петок, 3 јули 2026

Лани по македонските пруги се регистрирани кражби вредни 440 илјади евра

Само лани проценетата вредност на кражбите по македонските пруги е 440 илјади евра, се вели во извештајот за работењето во 2025 година на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура.

Објавено на

часот

Сподели

„Во работењето на ЈП ЖРСМ – Скопје за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 правната служба евидентира кражби по пријави при што е настаната штета во вредност од 28,67 милиони денари, или 446.197 евра. Со тоа се предизвикува нарушување во стабилноста и нормалното одвивање на железничкиот сообраќај на пругите на територија на Р.С.Македонија“, пишува во извештајот и се додава дека лани кражбите се намалени за 80 отсто во споредба со претходните години.

Најмногу се краде бакарот од инсталациите поставени покрај пругите, од  сигнализацијата.

Загубата на „Македонски жжелезници-инфраструктура“ за 2025 година изнесува 267 милиони денари и за една година е зголемена за 41,5 отсто. МЖ Транспорт на МЖ Инфраструктура му должи 236 милиони денари плус камати од 70 милиони денари.

„Ненаплатени побарувања се во износ од 412,75 милиони денари и се зголемени за 127,7 отсто во однос на истиот квартал од минатата година како резултат на зголемување на побарувањата од ЖРСМ Транспорт АД како единствен железнички оператор во овој момент“, пишува во извештајот.

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура има доспеан долг од 80 милиони евра кон Министерството за финансии, кое како гарантор му ги плаќа обврските по меѓународните кредити за изградба на новите железнички траси главно по Коридор 8.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ