петок, 3 јули 2026

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР

Општина Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР во несреќата што се случи на 10 јули 2014 година, соопштија од локалната самоуправа

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Вчера, во рамки на посетата на Струмица на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев беше извршен увид на локацијата во Градскиот парк определена за поставување спомен-обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи.

„Како општина ќе ја интензивираме соработката со Министерството за реализација на овој значаен проект, кој ќе претставува траен израз на почит кон хероите кои ги положија своите животи во служба на татковината и граѓаните“, се наведува во соопштението од Општината.

Инаку, во хеликоптерот произведен 2008 година, на 10 јули 2014 година, пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.

Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на тогашната „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ