Овој потег подразбира и оставка на целата влада.
Функцијата премиер на Молдавија ја вршеше од ноември минатата година, а не изјави зошто сега се повлекува.
“Во моментот кога сфатив дека веќе не можам да го извршувам својот мандат во согласност со своите принципи и уверувања, одлучив да поднесам оставка”, напиша Мунтеану на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека ќе продолжи да ѝ служи на својата земја од која било позиција што ја извршува, без разлика каде живее или дали е во јавниот или приватниот сектор.






