Четири месеци откако беше убиен на почетокот на американско-израелската војна против Иран, врховниот лидер Али Хамнеи ќе биде испратен за време на серија комеморации што ќе се одржат во пет градови во две земји, на кои се очекува да присуствуваат милиони ожалостени.
Иранската преговарачка делегација ја напушти Доха, откако Исламската Република привремено ги прекина дипломатските активности во пресрет на погребот. Катар соопшти дека разговорите меѓу САД и Иран, кои се водат преку посредници, ќе продолжат по завршувањето на церемониите, пренесува Си-ен-ен.
Напнатоста меѓу двете страни сè уште е висока. Еден ирански генерал ги предупреди САД и Израел да не изведуваат напади за време на погребните поворки. Во меѓувреме, американската војска соопшти дека друга единица на маринци, која обично брои повеќе од 2.000 војници, е распоредена на Блискиот Исток.
Во сенка на погребната церемонија на убиениот врховен лидер, навидум внимателно избраната симболика на датумот не треба да се занемарува, истакнува Си-ен-ен.
Телото на ајатолахот Али Хамнеи ќе биде изложено на 4 јули – истиот ден кога Соединетите Американски Држави ќе одбележат 250 години од независноста со големи јавни настани низ целата земја, вклучувајќи го и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Еден од клучните денови на погребната поворка се совпаѓа и со значајно шиитско верско одбележување на смртта на историска религиозна личност.
Целиот настан се одвива во текот на исламскиот месец мухарам, период кој во шиитскиот ислам е длабоко поврзан со тагувањето, предавството и мачеништвото – пред сè со страдањето на имамот Хусеин во 7 век, еден од најпочитуваните шиитски светци, од кого Хамнеи води потекло.
Preparation underway for funeral prayer of Shaheed Ayotullah Syed Ali Hussaini Khamnei in Iran. pic.twitter.com/ScsD6grtrH
— Mehtab Haider (@haider_mehtab) July 3, 2026
Според објавата на неговиот официјален профил на мрежата Икс во петокот, ковчегот на Хамнеи е покриен со светото знаме што некогаш се веело над мавзолејот на Хусеин. Црвеното знаме со бели натписи претставува „симбол на отпор, жртва и непоколеблива посветеност на вистината“, се вели во соопштението на иранската влада.
Ковчезите со телата на Хамнеи и повеќе членови на неговото семејство се изложени во Големата молитвена сала на имамот Хомеини во Техеран.
Не се штеди
И покрај скапата војна против двете најмоќни армии во светот и децениите тешки економски проблеми, Техеран не штеди ресурси за да му оддаде на Хамнеи величествено збогување, проткаено со религиозен симболизам, што се совпаѓа со прославата на 250-годишнината од независноста на САД.
Властите наведуваат дека започнале една од најголемите логистички операции во историјата на Исламската Република, ангажирајќи државни службеници, универзитети, синдикати, пожарникари, војници, хуманитарни работници, па дури и верски групи за жалење, со цел да го организираат погребот и да управуваат со милионите „поклоници“ кои ќе патуваат во градови и свети места низ Иран и Ирак за да му оддадат последна почит на ајатолахот. Властите во соседен Ирак, каде што шиитите го сочинуваат мнозинството од населението, исто така очекуваат пристигнување на милиони луѓе.
क़ौम जानते हो क़ौम ? इस वीडियो को देख लीजिए
ईरान में खामनेई को मार दिया गया
– मारा है इजरायल और अमेरिका ने
– साथ दिया है UAE, सऊदी, बहरीन, कतर, कुवैत, जॉर्डन नेऔर भारत के जम्मू-कश्मीर में Khamnei की मौत के विरोध में हंगामा हो रहा है
अगर भारत-पाकिस्तान युद्ध हो तो क़ौम के नाम… pic.twitter.com/TvQzMi6jEn
— Abhay Pratap Singh (बहुत सरल हूं) (@IAbhay_Pratap) March 1, 2026
Повеќе од десет дена иранските медиуми речиси целосно се посветени на подготовките за овој настан. Песните посветени на Хамнеи и документарните филмови за неговиот живот ги потиснаа од насловните страници дури и преговорите со САД, кои претходно доминираа во вестите. Размерот на овој настан има за цел да испрати порака до светот и до непријателите на Исламската Република: режимот не само што преживеа војна што го загрози самото негово постоење, туку постојано ќе го претставува својот убиен лидер како симбол на сопствената издржливост и отпорност.
Снимките од петокот покажуваат луѓе како пристигнуваат во Големата молитвена сала на Имам Хомеини откако телата на убиениот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и неколку членови на неговото семејство беа донесени во џамијата.
Хамнеи и членовите на неговото семејство беа убиени во првите денови од војната што ја водеа САД и Израел против Иран.






