Според официјалните податоци на ЦУК, активни пожари се евидентирани во Општина Пробиштип, пожар има во селото Неокази, каде гори ниска вегетација, во Општина Штип, активен пожар е регистриран во местото викано „Исар“, во централното градско подрачје, исто така на површини со ниска вегетација.
„Третиот пожар е во Општина Чешиново-Облешево, во селото Новоселани, каде исто така е зафатена ниска вегетација“, соопшти ЦУК.






