сабота, 4 јули 2026

Апелацискиот суд ја потврди пресудата, Стојанче Јовановски ќе одговара за самоубиството на сопругата Ивана,

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Стојанче Јовановски, кој е првостепено осуден на 12 години затвор, и ја потврди изречената пресуда од Кривичниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

„Апелацискиот суд Скопје информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.551/26 од 7 мај 2026 година“, соопштија од Судот.

Јовановски беше осуден во мај по обвиненијата дека ја навел сопругата Ивана со својата ќерка Катја да скокне од балкон, како последица од долгогодишно семејно насилство.

На Јовановски му се судеше за семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ