петок, 3 јули 2026

Лукровски му посака брзо опоравување на Стевчо Јакимовски

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски му посака здравје и брз опоравување на поранешниот градоначалник и негов претходник Стевче Јакимовски откако вчера тој на социјалните мрежи објави дека подогло време се лекувал од карцином, а од партијата споделија дека итно бил опериран во приватна болница во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот на ГРОМ,.Стевчо Јакимовски итно опериран во Систина. Итниот оперативен зафат е поврзан со карцином. Посакуваме успешно опоравување“, пишува во објавата на Форумот на жени – ГРОМ.
Во коментарите за добро здравје под објавата на Форумот на жени – ГРОМ се најде и онаа на Лукровски.
„Посакувам брзо опоравување и добро здравје“, напиша Лукровски.

На 8 мај годинава, Општина Карпош соопшти дека Лукровски е на боледување поради здравствени причини и дека привремено ги пренел своите овластувања на советникот во Општина Карпош, Неделчо Крстевски.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Лукровски е на боледување, но изјави дека не може да сподели повеќе детали за неговата здравствена состојба, бидејќи станува збор за приватна работа.

Лукровски беше отсутен околу два месеци, по што на 1 јули 2026 година се врати на работа. Во својата јавна објава наведе дека поминал низ здравствен предизвик и дека тоа било големо искушение, но не ја откри дијагнозата или причината за боледувањето.

„Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни“, напиша Лукровски во објавата. Денес, со голема благодарност и искрена радост, повторно се враќам на своето работно место. Ова враќање за мене не претставува само продолжување на професионалните обврски, туку и лична победа над здравствените предизвици со кои се соочив во изминатиот период. Најодговорно сакам да ги демантирам сите шпекулации и лаги врзани за моето име. Згрозен сум од начинот на кој одредени поединци и партии пробаа да дојдат до евтини политички поени на сметка на мојата состојба. Само оние кои недоволно ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал“, напиша Лукровски на фејсбук.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ