петок, 3 јули 2026

Ристески: Маркетите да не ги зголемуваат цените на производите неосновано

Овој период ќе има максимален надзор од пазарната инспекција. Буквално на сите маркети, дистрибутери, добавувачи и проиводители за да видиме каде има поголеми маржи и доколку има поголеми, неосновани маржи, да може да се намалат или да бидат на исто ниво со цел да не се зголемуваат цените, а со тоа да го заштитиме стандардот на граѓаните. Ова го изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески при денешниот престој во Прилеп, во Центарот за вработување следејќи го текот на мерката за самовработување.

Објавено на

часот

Сподели

Ристески рече дека ова е договорено по средбата со маркетите во кабинетот на премиерот, а договорот опфаќа тие неосновано да не ги зголемуваат цените на производите.

„Се договоривме неосновано да не ги зголемуваат цените на производите. Договоривме дека овој период ќе имаме максимален надзор од пазарната инспекција. Македонија има најниски цени на Балканот и во Европа, меѓутоа, сѐ уште има простор за стапката на инфлација, која, исто така е најниска на Балканот иако малку е зголемена поради воениот конфликт, да оди надолу“, изјави Ристески.

Ристески најави дека идната недела треба да има состанок со увозниците и дистрибутерите.

„Веќе наредната недела има најава за состанок со  увозниците и со дистрибутерите на, барем, оние основни производи што се дистрибуираат во маркетите кои се потребни за едно просечно македонско семејство. Ако воениот конфликт заврши и цената на енергенските се нормализира, очекуваме инфлацијата да биде на ниво од 3 проценти“, рече заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески при денешниот престој во Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ