петок, 3 јули 2026

Жителите на Ново Село да пријават штети од невремето од 1 јули, повикаа од општината

На вчерашната вонредна седница на Советот на Општина Ново Село беше донесена одлука за формирање Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди за атарите на населените места Колешино, Борисово, Мокриево и Мокрино, соопштија од локалната самоуправа

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат оттаму, во текот на денешниот ден Комисијата ќе одржи состанок, по што ќе започне постапката за пријавување на настанатите штети.

„Ги повикуваме сите граѓани кои претрпеле штети од непогодата да ги пријават, а дополнителни информации за начинот, местото и роковите за пријавување ќе бидат објавени“, се наведува во соопштението на Општина Ново Село.

Инаку, од невремето од пред два дена најмногу штети има на посевите засадени со лубеница и на други земјоделски култури на отворено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ