петок, 3 јули 2026

Андреј Митревски отпатува во САД, ќе игра во НЦАА лигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Митревски, денеска замина за Соединетите Американски Држави, каде што ќе ја продолжи својата спортска кариера.

Објавено на

часот

Сподели

Младиот кошаркар, кој до неодамна ги бранеше боите на битолски Пелистер, во претстојната натпреварувачка сезона ќе настапува во силното НЦАА првенство.

Негов нов дом ќе биде Универзитетот Пасифик од Стоктон, Калифорнија.

Митревски е дел од одличната генерација млади македонски кошаркари кои во текот на ова лето успеаја да си обезбедат ангажмани во американскиот колеџ-систем.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ