петок, 3 јули 2026

НАТО ќе ѝ даде 140 милијарди евра воена помош на Украина

Сојузниците на Киев ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина на самитот на НАТО во Анкара, изјавија денес извори за германската новинска агенција ДПА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа иницијативата на состанокот во Брисел. Според планот, НАТО ќе издвои 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници во следните две години, вкупно 140 милијарди евра.

Ова го вклучува и заемот од ЕУ за Украина од 60 милијарди евра за 2026 и 2027 година. Ова значи дека сојузниците ќе треба да покријат 40 милијарди евра годишно од своите национални буџети, пренесува ДПА.

Се очекува лидерите на НАТО официјално да го одобрат планот за пет дена во Анкара. Најголемиот дел од парите ќе бидат обезбедени од европските членки и Канада, откако Соединетите Американски Држави ја намалија финансиската помош за Украина под претседателот Доналд Трамп. Германија и претходно објави дека во 2026 година има намера да ѝ помогне на Украина со 11,5 милијарди евра.

Во последните месеци НАТО му помагаше на Киев преку програма наречена „Список на приоритетни потреби за Украина“, позната под кратенката ПУРЛ. Програмата функционира така што САД им продаваат оружје и муниција на европските сојузници и Канада, кои потоа ги доставуваат до Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ