петок, 3 јули 2026

Интерпол издаде потерница по Украинка поради нападот во Монако (ФОТО)

Интерпол издаде црвена потерница по Анастасија Березовска, 39-годишна украинска државјанка, идентификувана како главен осомничен за експлозијата во Монако во која на 29 јуни вечерта беше повреден украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Интерпол објави две фотографии од осомничената, заедно со известување во кое се наведува дека таа има тетоважа, за која се верува дека прикажува змија, на десната рака од рамото до лактот. Се вели дека е родена во Украина, има темна коса и зборува германски. Во потерницата на Интерпол се наведува и дека нејзиното последно познато живеалиште било во Германија.

Според изјавите на властите во Монако, осомничената наводно се преправила во маж за време на нападот, објави Си-ен-ен.

Во потерницата е наведено и дека властите во Монако бараат нејзино апсење за обид за убиство и други кривични дела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ