петок, 3 јули 2026

МВР поднесе кривична пријава против насилниците што нападнаа 14 годишно дете во Ченто

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица од Скопје за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи за случајот со напад на 14-годишен малолетник во Ченто.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднела кривична пријава против 19 годишните Ј.Ј. и В.А. и 23 годишниот В.С. сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство врз дете.

„Имено на 22.06.2026 околу 23:50 часот на улица Финска во паркот, пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди“, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и пронајден бил ножот со кој било извршено кривичното дело и бил предаден на вештачење, а по преземени мерки пријавените биле лишени од слобода и со нив бил извршен службен разговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ