Како што соопштија од ЗНАМ, на состаноците со Извршните одбори во проширен состав се разговарало за тековните активности на организациите, за натамошното јакнење на партиската инфраструктура и за спроведувањето на одлуките донесени од Централниот одбор.
„Во таа насока, беа реализирани постапките за избор на делегати, како и предлог кандидати за членови на координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени, со што продолжува процесот на кадровско зајакнување и активно вклучување на нови членови во партиските структури. Во рамки на состаноците беше дискутирано и за двегодишниот отчет за работата на функционерите на Движењето ЗНАМ, при што беше направен осврт на реализираните политики, активностите и постигнатите резултати во изминатите две години. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со интензивни активности на терен, во постојана комуникација со членството и граѓаните, градејќи силно, современо и европски ориентирано движење, кое се залага и работи во интерес на државата и на сите нејзини граѓани“, велат од ЗНАМ.






