сабота, 4 јули 2026

„Аудито“ на Мерко продадено за 22.000, пред 7 години беше купено за 67 илјади евра

Општина Струга го продаде службеното возило „ауди А6“ за 22.000, кое беше купено за време на мандатот на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко за 67.000 евра. Продажбата беше извршена преку извршител откако новиопт градоначалник Менди Ќира реши да го намали јавниот долг на општината од 7 милиони евра.

 

Објавено на

часот

Сподели

Возилото беше купено пред седум години кога сметката на општината била блокирана.

Рамиз Мерко, кој се најде и на „црната листа“ на САД поради корупција и мешање во судски процеси, беше гонет за злоупотреба на службената положба поради набавка на четири возила во услови на финансиска криза. Сепак, Основниот суд во Струга донесе ослободителна пресуда, утврдувајќи дека нема докази за кривично дело.

Пред четири месеци, овластен извршител го заплени возилото поради неплатени долгови кон доверители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ