Македонците во финалето ја совладаа бугарската комбинација Никола Керемедчиев и Давид Симеонов со 2-0 во сетови (7-5, 6-4).
Марковски и Србљак до трофејот стигнаа по 79 минути игра. Во првиот сет направија брејк за водство од 4-3, но Бугарите веднаш возвратија и израмнија на 4-4. Македонската двојка повторно го одзеде сервисот на противниците во 11. гем, а потоа сигурно сервираше за 7-5 и предност од 1-0 во сетови.
Во вториот сет повторно клучен беше седмиот гем, кога Марковски и Србљак направија брејк за 4-3. Предноста ја потврдија со уште еден брејк во деветтиот гем и го приведоа мечот до крај за конечни 6-4.
Претходно во текот на денот, македонската комбинација избори место во финалето со победа од 2-0 во сетови против Николас Бруна и Франциско Томас Гешвинд.
Во недела од 11:30 часот на програмата е финалето во сингл конкуренција, во кое Калин Ивановски ќе игра против Владислав Орлов.






