Ивановски добро го почна мечот, го доби првиот сет со 6-4. Во вториот беше 2-2 кога нашиот тенисер падна, Бугаринот доби четири гема по ред, го доби сетот со 6-2 и израмни на 1-1.
Неизвесно беше во третиот решавачки сет, Милев имаше водство од 5-4 и две меч топки, Ивановски ги одбрани, израмни на 5-5, ги зема и следните два гема и дојде до победа од 2-1 во сетови.
Калин во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Украинецот Орлов и Србинот Поповиќ.






