„Убав ден денес, сабота овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето ‘Ацо Шопов’ и мислам дека сето ова ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани“, рече Мицкоски на отворањето.

Според него со овие проекти се обезбедуваат подобри услови за животот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата.
„Тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел. Полека, но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен темелник оние проекти кои сè уште не беа отпочнати, оние кои почнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива бидејќи навистина се покажа како успешна. Остануваме посветени и во периодот којшто следи на реализирање на проекти и на исправање на сите оние недостатоци коишто за жал во минатото се таложеа“, рече Мицкоски.






