Од Шанса за центар информираат дека во Планот за енергија и клима на Општина Центар веќе е обележан како подрачје загрозено од ерозија со препорака на него да се сади квалитетна шума, а не да се садат станбени објекти.
„И во самата проектна програма врз основа на која се изработувал ДУП-от пишува дека ‘задолжителна мерка за заштита и спасување која треба да се разработи во планската документација е опасноста од ерозија.’ Меѓутоа ДУП-от го прави токму спротивното и во него нема никави мерки за заштита од ерозија, ниту заштита од потенцијални шумски пожари и поројни поплави…

Зошто стручните ставови се занемаруваат ? Поучени од постоечките случаи на лизгање на земјиште низ населбите по падините на Водно (Клиниката за детски болести и хотелот Тасино Чешмиче), пак се предлага на овој стрмен планински терен да се градат уште десетици крупни градби. Со ова решение се отвораат само нови опасности“, истакнуваат од Шанса за Центар и додаваат дека категорично се против ваков ДУП.






