„Искрени честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста. Нашето пријателство, стратешко партнерство и сојузништво продолжуваат да се зацврстуваат врз основа на споделени вредности и меѓусебна доверба“, истакна Муцунски во честитката објавена на Фејсбук.
Тој потенцира дека како сојузници во НАТО, остануваме посветени на продлабочување на соработката во одбраната, безбедноста, енергетиката, трговијата и инвестициите. Уверен сум дека ова партнерство ќе продолжи да се развива и во годините пред нас, додаде шефот на дипломатијата.






