„Со секој нов ден ги туркате сè поблиску кон создавање нова партија. Свесно или несвесно, на овој начин опозицијата се дели уште подлабоко“, напиша Кичевски.
Тој смета дека раководството требало да понуди разговор, наместо јавни реакции против луѓе кои, според него, суштински припаѓаат на СДСМ.
Кичевски оценува дека актуелното раководство изгледа уплашено од новата платформа и предупредува дека новата поделба може дополнително да го влоши резултатот на СДСМ на следните парламентарни избори.
Пред три дена група на истакнати членови на СДСМ најавија нова политичка платформа со која се бара сериозни промени во македонскиот опозициски блок. Актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче веднаш се препозна и отворено ја нападна оваа иницијатива.
Органите на СДСМ најавија дека следната недела ќе го разгледуваат учеството на пратеничката Славјанка Петровска на настанот „Разговори за иднината во 12:05“, каде беше промовирана нова демократска платформа за поширока општествена и политичка дебата.






