„Синоќа околу 20 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К., 66-годишник од Неготино. На 3 јули во 15:55 часот во ОВР – Неготино, Ѓ.К. (42) од Неготино, пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К. кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара, дел од опремата за риболов пронашол во реката“, информираат од СВР – Велес.
Полициски службеници од ОВР – Неготино, неготинската Територијална противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица веднаш презеле мерки за пронаоѓање на Ј.К., по што околу 20 часот било пронајдено телото и извлечено од водите на реката Вардар.
Лекар од Итна медицинска помош – Неготино констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.






