Во текот на саемот, инженерите на Фероинвест беа присутни на штандот на WHES
и им беа на располагање на потенцијалните инвеститори за технички информации и консултации околу современите BESS (Battery Energy Storage System) решенија.
Меѓу новитетите беше и новата генерација батериски системи PC-G3, развиена за
сигурно и флексибилно складирање и управување со електрична енергија. Системот
поддржува работа со електроенергетската мрежа, целосно независно или во комбиниран режим и е наменет за комерцијални и индустриски корисници.

Како ексклузивен застапник на WHES за Македонија, Фероинвест нуди комплетна
услуга „клуч на рака“ – анализа и димензионирање на системот, проектирање,
испорака, монтажа, интеграција, пуштање во работа, како и оптимизација и
секојдневно управување, со цел инвеститорите да го добијат максималниот економски
ефект од својата инвестиција.
Од компанијата велат дека искуството покажува оти успехот на еден батериски проект зависи и од квалитетот на технологијата, но и од правилното инженерско решение и
стручната реализација.
„Кога инвестирате во батериски систем, не купувате само батерија, туку избирате партнер кој ќе биде одговорен за нејзиното проектирање, интеграција, управување и сигурна работа во следните 15 години. Батерискиот систем е сложененергетски објект кој мора правилно да се проектира, да се интегрира со електраната и електроенергетската мрежа, да се усогласи со сите технички и законски барања, а потоа и секојдневно да се управува со неговото работење. Затоа изборот на компанијата што ќе го реализира проектот е исто толку важен како и изборот на самиот батериски систем“, потенцираат од ФЕРО ИНВЕСТ.
Компанијата досега учествуваше во реализација на проекти со вкупен капацитет од над 250 MWh, додека дополнителни околу 70 MWh се во фаза на изведба. Воедно, Фероинвест го реализираше и првиот лиценциран батериски систем во Македонија, кој веќе е во редовна комерцијална експлоатација.






