Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 20:45 часот во село Сланско, Македонски Брод, го лишиле од слобода Г.М. (42) од Скопје.
При претрес во домот во с.Сланско, по добиена наредба од Основен суд Кичево, била пронајдена марихуана, дробилка и дигитална вага со траги од марихуана, информираат од МВР.
По документирање на настанот, против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.






