сабота, 4 јули 2026

Во стан во Скопје пронајдени 11 кг марихуана, 400 гр кокаин, ЛСД… (ВИДЕО)

При претрес на стан во Скопје пронајдени се над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, поголема количина ЛСД и други видови дрога, за што е поднесена кривична пријава против две лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 02/03 јули годинава извршен е претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно беа лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

При претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени печурки, информираат од МВР.

Лицата се задржани за понатамошна постапка, а од страна на ЕНТ до надлежното ОЈО е поднесена кривична пријава во итна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ