сабота, 4 јули 2026

Мицкоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево во завршна фаза, Македонија забрзува (ВИДЕО)

Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14-те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза.

„Веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со кои постигнавме највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојднево се користат од граѓаните. Остануваме целосно посветени на завршување на овој многу значаен капитален проект во рокот кој е предвиден. Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните, создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата“, напиша Мицкоски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ