сабота, 4 јули 2026

Ангелов: Се истражува дали вчерашните пожари се подметнати

Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес- конференцијата во Штип вели се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој додаде дека се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, за каде има сомнеж дека пожарот е подметнат.

Објавено на

часот

Сподели

Ангелов апелираше граѓаните да не палат оган на отворено, без разлика дали станува збор за чистење дворови, палење стрништа, расчистување пасишта или подготовка на скара, бидејќи и најмала невнимателност може да предизвика пожар со катастрофални последици. Воедно апелираше, граѓаните доколку забележат разлабавени електрични жици или друг дефект на мрежата, веднаш да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 112.

„Пожарот кој што изби на Исарот имаме индиции дека е настанат поради чистење на двор на некоја од куќите, но исто така има одредени индиции дека настанал поради допирање на лабави жици помегу две бандери. Се работи на прецизирање на причинителите, но како и да е ја користам приликава да упатам апел до сите граѓани да бидат внимателни и никаде никогаш да во текот на летото да не палат оган на отворен простор. Палењето оган од било кој мотив, дали да се зачисти доврот, понатаму земјоделците да ги зачистат своите стрништа, сточарите да ги исчистат своите пасишта некои да напарави скара или друг мотив, може да предизивка пожар со катастрофлани последици, како што на пример е пожарот на Исарот. Иако не е нанесена голема штета, сепак го унакази овој карактеристичен рид кој што се наоѓа веднаш до градот. Апел и до граѓаните, доколку забележат разлабавени жици помегу бандерите, или евентално далеководи тоа да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 112“, рече Ангелов.

Ангелов апелираше и сопствениците на викендички, стари и напуштени куќи навреме да ги исчистат и уште подобро изораат своите дворови. Според него, со тоа ќе се намали ризикот пожарите да се прошират до објектите и ќе се помогне во нивната заштита.

„Aпелирам до граѓаните кои што имаат викендици или стари куќи или полунапуштени во нашите преубави македонски села, кои што некои се од разбиен тип, да ги зачистат своите дворови и на тој начин многу ке ни помогнат, бидејки не знаеме кога и како ќе избие следниот пожар. При избивањето во места надвор од градовите, во близина на селата, постои голема можност огнот да дојде до овие полунапуштени села, кои што немаат жители или има по неколку возрасни лица. Доколку граѓаните ги исчистат своите дворови и ја искосат трева, уште одобро ги изорат или малку со мотика, на тој начин ке спречат палење на викендиците“, вели Ангелов.

Тој додаде дека пожарот во општина Пробиштип е целосно изгаснат, а во неговото гаснење беа вклучени три ер0трактори, како и Противпожарни единици од неколку градови и од доброволните друштва од Кочани, Пробиштип и Виница. Ангелов се заблагодари и до граѓаните, кои вчера со својата земјоделска механизација помогнаа во пожарите во Штип и Пробиштип.

Дирекцијата за заштита и спасување во моментов  има двајца професионално вработени, релативно помлади пилоти и еден постар пилот.

„Во овој момент ние сме договорени со уште двајца други пилоти, едниот од педесетина години, другиот неколку години повеќе, исклучително искусен. Во овој момент работам на формално-правната документација за нивно ангажирање, со што очекувам наредната сезона да имаме најмалку пет пилоти, но искрено мислам дека ќе успееме да создадеме уште три нови пилоти“, изјави Ангелов.

Тој истакна дека во овој момент нашата држава за прв пат има на располагање три исправни ер трактори.

„Мојата размисла е да се набават уште три ер-трактори, од коишто најмалку еден двосед. Но, не би смеел ради дискреција да зборувам за тоа кога би се набавиле“, изјави Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ