Mетодата обезбедува подетална проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што овозможува попрецизна дијагностика и подобро планирање на третманот кај пациенти со срцеви заболувања, особено во случаи кога класичните дијагностички испитувања не ги откриваат причините за нивните симптоми, велат докторите.
„Воведувањето на ‘корофлоу’ претставува значаен исчекор во модернизацијата на кардиолошката дијагностика во земјава и ја потврдува определбата на домашните здравствени установи да ги следат најновите светски достигнувања во медицината“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.






