Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, изјави дека градот со околу шест милиони жители бил цел на масовен напад со беспилотни летала, при што бил погоден нафтениот терминал во градот. Според него, во нападот немало загинати или повредени, а последиците се санирани.
🚨 Zelenskyy: “Last night, our Ukrainian long-range sanctions against Russia for this war reached the area near St. Petersburg”
The Ukrainian president shared a striking video compilation showing Putin’s hometown in flames.
Ukraine’s Defense Forces successfully struck port oil… pic.twitter.com/VifvTYR9XI
— NEXTA (@nexta_tv) July 4, 2026
Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, изјави дека дронови го погодиле и пристаништето Висоцк, кое се наоѓа околу 170 километри северозападно од Санкт Петербург. Пристаништето се користи за претовар на нафта, јаглен, жито и течен природен гас.
Руските власти тврдат дека воздушната одбрана соборила дури 72 украински дронови синоќа над Ленинградската област.
Fire burns at industrial facility in St Petersburg, Russia, following Ukrainian attack overnight. pic.twitter.com/aMyX8I7GYb
— AZ Intel (@AZ_Intel_) July 4, 2026
Украина ги интензивираше нападите врз руската енергетска инфраструктура во последните месеци, вклучувајќи ги рафинериите, складиштата за гориво и нафтените терминали. Овие напади предизвикаа недостиг на гориво и прекини во снабдувањето во некои делови од Русија.
Санкт Петербург, кој се наоѓа на околу 900 километри од територијата контролирана од Украина, повремено е цел на напади со беспилотни летала. Претходни цели беа истиот нафтен терминал, како и воен брод закотвен за време на Меѓународниот економски форум во јуни.
Напади се забележани и на југ, во регионот Псков, каде што, според локалните власти, во текот на ноќта биле соборени повеќе од 30 дронови. Пријавени се помали материјални штети и неколку повредени, вклучувајќи ги и вработените во фабрика во градот Великие Луки.






