сабота, 4 јули 2026

Оштетени врати и запалени учебници во училиште во Ѓорче Петров

Непознати сторители вчеравечер ги оштетиле влезните врати на спортската сала во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров и одземале два противпожарни апарати, кои потоа биле употребени во дворот на училиштето каде биле запалени учебници.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од МВР, вчера во 13:35 часот во СВР Скопје од училиштето било пријавено дека во временски период од 4 до 5 часот на 3 јули со употреба на физичка сила биле оштетени влезните врати од спортската сала, од каде биле извадени два противпожарни апарати, кои биле употребени во дворот на училиштето, каде биле запалени учебници, исто така одземени од училиштето.

Од СВР Скопје информираат дека увид на местото извршила увидна екипа, а надлежните служби преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ