сабота, 4 јули 2026

Ердоган го обвини Израел: Се обидуваат да го урнат договорот меѓу САД и Иран

Турција внимателно ги следи обидите на Израел да го наруши преговарачкиот процес меѓу САД и Иран, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција во Истанбул по разговорите со пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарение на договорот (САД – Иран), кој беше овозможен благодарение на напорите на Пакистан, светот можеше да воздивне со олеснување. Извештаите на меѓународните медиуми во последните денови ги истакнуваат тешкотиите со кои се соочуваат страните во овој процес на преговори“, рече Ердоган.

Тој нагласи, пренесува ТРТ Хабер, дека Турција продолжува да го поддржува секој чекор што помага во намалувањето на тензиите и решавањето на проблемите преку дипломатски канали во регионот.

„Внимателно ги следиме провокациите на израелската администрација насочени кон поткопување на договорот. Ционистичките милитанти, кои го поврзуваат својот политички опстанок со тековните конфликти во регионот, во моментов се особено активни во Либан и Сирија“, нагласи Ердоган.

Тој изјави дека нехуманите напади од страна на израелските окупаторски сили врз угнетените во Газа мора да бидат запрени.

„Не смееме да дозволиме регионот да биде задушен со мирисот на барут и крв. Турција сака да создаде средина во која сите жители на регионот, без оглед на религијата, можат да живеат во мир и безбедност. И во овој поглед, верувам дека е особено важно да се нагласи следната поента: Секое решение кое не е засновано на волјата и придонесот на земјите од регионот не може да биде трајно“, рече турскиот лидер.

Тој додаде дека Турција „ќе продолжи да работи во солидарност со братските земји, особено со Пакистан, за зајакнување на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ