сабота, 4 јули 2026

Вимблдон ќе добие нова шампионка, две сензции во еден ден

Втората тенисерка во светот, Елена Рибакина доживеа пораз од белгиската тенисерка Елис Мертенс, додека третата Ига Швјонтек загуби од Филипинката Александра Ијала.

Објавено на

часот

Сподели

Женскиот турнир на Вимблдон денеска остана без втората и третата носителка.

Најпрво загуби Рибакина. Во првиот сет се играше тајбрејк кој го доби Мертенс со 7-4 и поведе со 1-0. Во вториот белгиската тенисерка беше убедлива со 6-1 со што го комплетираше изненадувањето.

Многу слично настрада и Ига Швјонтек која покрај тоа што е трета најдобра тенисерка во светот, таа е и актуелна освојувачка на Вимблдон.

Во првиот сет се играше тајбрејк кој го доби Ијала со 11-9. Во вториот Филипнката беше убедлива со 6-2.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ