сабота, 4 јули 2026

За СДСМ анкетата е наместена, а ВМРО-ДПМНЕ вели дека нивното тројно водство е доказ за стравот од избори

Зошто СДС не сака нов Изборен законик? Зошто СДС не сака да гласа дијаспората? Зошто СДС се кара со своите членови, со своите функционери, со аналитичарите, професорите? Зошто СДС не разговара со факти, докази и бројки, туку со гола реторика преку популизам? Зошто СДС се профилира од некогаш моќна во трета, а некаде и четврта партија во државата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Одговорот на сите овие прашања лежи во едноставната констатација: СДС не сака Изборен законик, не сака да гласа дијаспората, се кара со сите, лаже и манипулира затоа што се плаши од избори и бега од соочување со народот. А доказот зошто се плашат од избори е и денешната анкета.

ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од три пати поголемо водство пред СДС. Kај нив довербата кај граѓаните оди под 100 илјади гласови. Довербата од само 6% покажува дека на сѐ уште најголемата опозициска партија предводена од Венко Заев, народот уште повеќе ја намалува довербата. Реформи во СДС се повеќе од потребни, бидејќи криминалци како Венко Заев – граѓаните не поддржуваат“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно СДСМ соопшто дека се работи за нарачана анкета во време на паника – Мицкоски и ВМРО немаат одговори за економската катастрофа. „Објавувањето на новата анкета преку медиуми блиски до Орбан не е случајност. Тоа е јасен показател за паниката која владее во организираната криминална група предводена од шефот на тендерската банда, Христијан Мицкоски. Нема одговори за катастрофалната состојба во економијата. Нема одговори за тешкиот живот на граѓаните. Нема пари во буџетот. Нема пари ниту за пензии. Затоа – анкета.
За помалку од две години, Владата на Мицкоски се задолжи за над 2,5 милијарди евра. Кој знае колку скриени кредити се кријат преку јавните претпријатија. Буџетот е празен, а пари за криминалните, наместени тендери за првите луѓе на Мицкоски почнуваат да недостасуваат. Затоа сега доаѓаат нарачаните анкети. Мицкоски на сила ја укина техничката влада. Сега на сила се обидува да протурка изборен закон кој отвора можност за кражба на гласови. Во исто време, на сила се обидува да ја протурка Платформата за сопствената иднина – новиот ЗНАМ 2.0. Сè мириса на предвремени избори. Сака да го продолжи мандатот затоа што не му се оди на факултет. Таму нема приватни државни авиони за патување на море. Од сè што е надвор од неговата фотелја, го болат колената. Го болат уште од клечењето и молењето за власт. Додека клечеше и го лажеше целиот македонски народ. Кога не кажа дека сите имаат бугарски државјанства и европски пасоши како и приватни фирми во Бугарија. Само да знаат граѓаните: Орбан исто така објавуваше вакви анкети. Резултатите ги видовме. Граѓаните ќе победат. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ