Ивановски ги одбива обвинувањата од раководството на СДСМ дека има намера да наштети на партијата и не стравува дека може да го исклучат од СДСМ.
„Да ме исклучат мене или Славјанка? Јас сум член на СДСМ од 1994 година и ќе останам до крајот на животот. Тоа не може да го направат луѓе или човек кои не се дел, ниту асоцијација од СДСМ. Сакам да пратам предупредување да прекинат со дискредитации, изживувањето и сериозните конструккции што ги прават спрема луѓето кои седеа на таа маса и нивните семејства, порача Ивановски.
Од СДСМ најавија дека oд понеделник ќе се разговара за учеството на нивната пратеничка Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за иднината во 12:05“. „Во однос на конкретното прашање ќе одговорам конкретно, органите на партијата ќе дебатираат во текот на следната недела“, изјави пред два дена Филипче.
СДСМ под водство на Филипче брзо се пресметува со политичките неистомисленици. За Јован Деспотовски покрената е постапка за итно исклучување од партијата, по обвинувањата на раководството за „петтоколонашко“ дејствување и уривање на партиските позиции одвнатре. Следуваше Петре Шилегов кој отворено зборуваше за грешките на актуелното партиско раководство, а сега и Петровска, поранешната министерка за одбрана.






