недела, 5 јули 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Позитивна оценка од ЕК, потврден е реформскиот напредок на Македонија

Јули е важен месец за Македонија и проценките што ги прави Европската комисија за сите кандидати. Позитивната оценка од Европската комисија е признание за успешно спроведените реформи во држата, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Според информациите со кои располагаме, Македонија, заедно со Албанија и Црна Гора, е меѓу земјите кандидати кои бележат најдобар напредок во спроведувањето на Реформската агенда и обврските што произлегуваат од Планот за раст на Европската Унија. Ова е значајно признание за институциите и за сите кои активно придонесуваат во исполнувањето на реформските приоритети.

Оценката од Европската комисија е дополнителен мотив Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со уште посилна динамика во реализацијата на реформите.

Оценката од Европската комисија ги фрла во вода лагите на СДС и ги побива обидите за создавање лажна слика дека државата не ги исполнува своите обврски кон Европската унија.

Неопходно е сите политички чинители да покажат одговорност и конструктивност во периодот што следува. Усвојувањето на Изборниот законик, како дел од Реформската агенда, претставува обврска која е резултат на широк процес на консултации и договор во рамки на работната група при Министерството за правда, во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

За поздравување е и определбата на Европската комисија реформскиот напредок да биде основа за распределбата на средствата за земјите кандидати. Очекуваме во текот на јули да биде донесена одлука, при што Македонија, како една од најуспешните земји во спроведувањето на Реформската агенда, ќе ја добие заслужената поддршка.

Благодарност и до Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадорот Рокас и неговиот тим за континуираната поддршка и соработка во успешно спроведување на реформите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ