Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 26 до 34 степени. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.






